Стартуваше НБА плеј-офот: Голден стејт го растури Сан Антонио, победи на Торонто и Филаделфија

Со мечот меѓу Голден стејт и Сан Антонио стартуваше плеј-офот во НБА лигата. Вориорси лесно стигнаа до предност откако славеа на првиот дуел со 113-92. Победи запишаа на почетокот од плеј-офот во четвртфиналната серија и Торонто, Филаделфија и Њу Орлеанс.

Иако играа без Стеф Кари, Голден стејт го надиграа Сан Антонио од самиот почеток на мечот па се до крајот. Томпсон со 27 поени и Кевин Дурант со 24 ги предводеа Вориорс, додека 15 поени запиша Мекги. Кај гостите Геј постигна 15 поени.

Портланд, пак, загуби на домашен терен од Њу Орлеанс со 95-97. Ентони Дејвис очекувано блескаше кај Њу Орлеанс со 35 поени и 14 скока, а Холидеј дополни со 21 поен и 7 скока, додека Никола Миротиќ мечот го заврши со 16 поени и 11 скока. Кај Портланд, МекКалум постигна 19 поени, скромен беше Лилард со 18 поен, додека Јусуф Нуркиќ запиша 11 поени и 11 скока.

Торонто со 114-106 славеше против Вашингтон кој се држеше добро во поголемиот дел од мечот, но затаи во завршницата. Ибака со 23 поени и 12 скока беше најзаслужен за победата на Торонто, додека Врајт постигна 18 поени, а оние од кои најмногу се очекуваше Де Розан и Ловри постигнаа по 17, односно 11 поени.

Филаделфија, судејќи според првиот меч е фаворит во четвртфиналната пресметка со Мајами. Филаделфија со 130-103 го „разбија“ Мајами водени од Џеј-џеј Редик со 28 поени, Белинели со 25 поени и Шариќ со 20 поени.

Се вчитува...