Ставрев судеше, а Луксембург ја шокираше Франција

Фудбалската репрезентација на Франција само неколку дена по големиот триумф над Холандија, не успеа да го совлада аутсајдерот Луксембург на домашен терен. Овој меч го судеше најдобриот македонски судија Александар Ставрев, а „триколорите“ одиграа само 0-0 против селекцијата со која можеби и однапред ги имаа испланирано трите бода. Гризман и Погба погодија статива, но и Луксембург во завршницата преку Фернандес го погоди дирекот од голот на Франција.

Португалците славеа против Унгарија на гости со 0-1, со голот на Андре Силва во 48.минута, а Босна и Херцеговина очекувано го победи Гибралтар со 0-4. Два гола постигна Един Џеко, а по еднаш стрелаа и Кенан Кодро и Сенад Лулиќ.

Andre Silva Goal Hungary vs Portugal 0-1 03.09… by goalz1

Јан Вертонген и Ромалу Лукаку и донесоа триумф (1-2) на Белгија на гостувањето во Грција, за дефинитивен пласман на Светското првенство во Русија. Зека беше стрелец за Грците на овој меч.

All Goals & highlights – Greece 1-2 Belgium… by goalsarena2017

Швајцарија беше убедлива на гости против Летонија (0-3).

квалификации за СП 2018 резултати

Група А: Франција – Луксембург 0-0

Група Б: Унгарија – Португалија 0-1, Летонија – Швајцарија 0-3

Група Х: Гибралтар – БиХ 0-4, Грција – Белгија 1-2

Се вчитува...