Стеф Кари: Истекоа многу солзи, не знаев што да кажам…

Динамичното дуо на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари и Клеј Томпсон и следната сезона нема да настапува заедно на паркетот, а причината за тоа е новата повреда на Томпсон, која ќе го оддалечи Американецот од паркетите уште една година.

„Мораш да сочувствуваш со човек кој напорно работеше да се врати на паркетот, а потоа му се случи ова на неколку недели пред почетокот на припремите. Не е лесно да поминеш низ таква рехабилитација, но за него и неговата кариера има уште време и ние ќе бидеме со него во целиот процес“ – изјави Стеф Кари.

„Сплеш Брадерс“, како што ги нарекоа американските медиуми беа најдоброто шутерско дуо, кои го предводеа тимот на Голден Стејт до пет финални натпревари по ред, притоа освојувајќи и три титули. Нивната хемија на паркетот беше неверојатна, „братска“, како што вели Кари, кој се присети и на тоа како ја дозна веста за новата повреда на Томпсон.

„Ми се јавија генералниот менаџер Боб Мејерс и тренрот Стеф Кари. Тој повик беше тежок за желудникот. Истекоа многу солзи. Навистина не знаев што да кажам. Но, ќе бидеме со него и се надевам дека и он ќе биде со нас во текот на рехабилитацијата и ќе останеме поврзани. Он може да се врати и појак од тоа што е. Тој толку многу ја сака кошарката што ќе направи се за да се врати на паркетот“ – додаде трикратниот НБА шампион.

Се вчитува...