Стефан Ристовски доби нов тренер во Спортинг Лисабон

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски доби нов шеф на стручниот штаб во редовите на португалскиот клуб Спортинг Лисабон. На клупата на овој тим седнува холандскиот стратег Марсел Кајзер, кој во минатото беше и на кормилото на Ајакс, а последен пат раководеше со тимот на Ал Џазира во Обединетите Арапски Емирати.

„Спортинг Лисабон склучи договор со фудбалскиот стратег Марсел Кајзер, кој од 12 ноември ќе го преземе раководењето на сениорскиот тим. Договорот со 49-годишниот холандски тренер има важност до јуни 2021 година“, се вели во соопштението на Спортинг Лисабон.

Се вчитува...