Стефан Ристовски стартер против Барса

Стефан Ристовски ја придоби довербата на стручниот штаб на Спортинг Лисабон, па македонскиот ас се најде во првиот тим на португалскиот гигант за вечерашното гостување против Барселона, во шестото коло од Лигата на шампионите.

Спортинг мора да слави на теренот на фаворитот за да си ги задржи шансите за пласман во осминафиналето, а тренерот Жесус сепак реши да му даде предност на нашиот интернационалец пред Пичини, како награда за неговиот одличен настап на дуелот со Јувентус.

Задачата на Ристовски и на останатите ќе биде значително олеснета со одлуката на домашниот стратег Ернесто Валверде Барса да го стартува без Лионел Меси, со Луис Суарез и Пако Алкасер во навалната линија.

Се вчитува...