„Стемфорд бриџ“ го испрати во пензија Франк Лампард

Легендарниот фудбалер на Челси, Франк Лампард, кој повеќе од една деценија го носеше дресот на овој клуб, на 38-годишна возраст одлучи да стави крај на активната кариера, а фановите на „Стемфорд бриџ“ не го заборавија тоа и со огромен транспарент и песни во негова чест, го одбележаа крајот на неговата кариера.

Лампард дојде во Челси во 2001 година од Вест Хем и изгради фантастична кариера. Беше еден од најдобрите фудбалери во средниот ред во Премиер – лигата и англиски репрезентативец. На крајот од кариерата замина во САД, во МЛС – лигата, каде го носеше дресот на Њујорк сити, а претходно настапи и за Манчестер сити.

Се вчитува...