Стив Кер го продолжи договорот со Голден Стејт

Актуелниот НБА шампион, Голден Стејт ја продолжи соработката со Стив Кер. Клубот кој има две последовни титули соопшти дека Кер останува долгорочно да ја води екипата. Според политиката на Голден Стејт, детали од новиот договор не беа соопштени.

„Возбудени сме што Стив останува кај нас и ќе го води тимот во следните неколку години. Со него на клупата освоивме три титули во последните четири сезони и сосема е јасна неговата заслуга за ваквиот успех на клубот“ – изјави генералниот менаџер на Голден стејт, Боб Маерс.

Стив Кер со бројот на освоени титули им се приклучи на Фил Џексон и на Џон Кундла како тренери кои успеале да дојдат до три титули во првите четири години на клупата на еден тим.

 

 

Се вчитува...