Стоилов: Ќе дадеме се од себе, па што биде нека биде!

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б.Петрушева, Стевам Цаневски, Игор Паневски

Македонската репрезентација има перфектни два од два од првите натпреври на ЕП. Со веќе обезбеден пласман во втората фаза на ЕП, македонските ракометари утре го играат последниот меч од групата протув актуелниот шампион Германија. И како што вели Столе Стоилов, продолжуваат во исто борбено темпо.

„Имаме два натпревари две победи. Пред почетокот на Европското првенство кажавме  дека ќе одиме чекор по чекор. Одигравме  тежок натпревар со Словенија , го добивме. Имавме тежок натпревар со Црна Гора, го добивме и сега сме во добра позиција.Продолжуваме максимално борбено, ако ни се отвори шанса да изненадиме ќе ја искористиме, ако не здравје. Продолжуваме понатаму“ – вели Стоилов.

По напорните два меча, ништо полесно нема да биде ни во дуелот со Германија. Но, во македонскиот табор се мирни и подготвени за предизвикот.

„Словенците играа многу агресивно на граница на исклучување. Но тоа е ракомет знеме дека таква е играта. За Германците не можам многу да кажам сега. Очекувам борба,  добра агресивна репрезентација со топ играчи. Наше е да дадеме се од себе, па што биде нека биде“ – вели мирно Стоилов.

Се вчитува...