Стоилов се враќа на местото на најголемиот успех во кариерата

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари попладнево пристигнаа од Минхен во Келн, по што го одржаа и единствениот тренинг во градот-домаќин на „Президент купот“ каде „црвено-жолтите“ утре ќе излезат на мегдан со Русија.

Ракометарите се уште не ја почувствуваа „Ланксес арена“ бидејќи тренингот го одржаа во мала сала на спротивната страна од градот, во обид да се консолидираат и утре да ја прекинат серијата од три порази на овој Мундијал.

„Ланксес арена“ е место кое секогаш ќе буди убави спомени за нашиот пивот Стојанче Стоилов, кој пред една и пол година во овој ракометен храм го оствари најголемиот успех во кариерата станувајќи европски првак со Вардар. Пивотот како капитен прв го крена шампионскиот пеха по победите над Барселона и ПСЖ, а по ланскиот неуспех против Монпелје тој утре ќе го игра првиот репрезентативен натпревар.

Интересно, Стоилов за ривали на спротивната страна ќе ги има Дибиров и Шишкарев, кои исто така се дел од шампионската генерација на Вардар.

Се вчитува...