Стојан Ѓуроски се враќа во Шпанија

Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски во новата сезона повторно ќе заплива во интернационалните води откако потпиша договор со шпанскиот второлигаш Оуренсе. Тоа воедно значи и враќање на крилниот центар на добро познатото место каде во минатото ги бранеше боите на Хуеска, Mелила и Аликанте.

Искусниот 30-годишник претходната сезона ги бранеше боите на Пелистер со кој настапуваше во македонското првенство и АБА2 лигата. На 34 одиграни средби на домашната сцена оствари просек од 9.1 поен и 3.7 скока, додека на осум средби во регионалното првенство бележеше 7.0 поени и 2.6 скока.

Ѓуроски кариерата ја започна во Левски Софија, а ги бранеше боите и на Работнички, Кожув, МЗТ Скопје, Карпош Соколи и Блокотехна пред заминувањето на интернационалната сцена. Покрај Шпанија настапи и во француското првенство за Евреук.

Се вчитува...