Стојчев: Останува горчлив вкус за пропуштените шанси

Фудбалскиот прволигаш на Македонија, Академија Пандев го заврши настапот во Европа уште во првото коло во Конференциската лига на УЕФА откако беше елиминирана од полската Лехија Гдањск.

Тренерот на „пандевци“ Ѓорѓе Стојчев по мечот вели дека останува горчлив вкус за неискористените шанси во двата меча.

„Се подготвувавме за овој меч да дадеме брз гол. Со тој брз гол ќе имаше друг тек натпреварот. Можеби се ќе беше поразлично. Ќе кажам штета бидејќи на двата натпревари први влегувавме во шанси. Сепак, останува тој горчлив вкус. Едно големо искуство за нас и овие млади играчи добија на искуство на овие мечеви“, изјави Стојчев. 

 

 

Се вчитува...