Стојчев: За мал клуб како Академија Пандев вакви мечеви се одлични за промоција на клубот

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев утре ќе и гостува на Легија во првиот натпревар од воведното коло во „најмладото“ европско фудбалско натпреварување, Конференциската лига.

Тренерот на „пандевци“ Ѓорѓе Стојчев  пред натпреварот вели дека овој меч ќе биде одлична можност за промоција на македонскиот фудбал.

„Ова е само вторпат да играме во европски натпреварувања. Ова е големо достигнување за нас. Ние сме мал клуб од една мала земја и благодарение на ваквите натпревари можеме да се промовираме себеси, но и нашиот фудбал. Ја анализиравме Легија, тие имаат многу квалитет, многу многу добри играчи. Се е можно во фудбалот и ќе дадеме се од себе. Имаме млад тим, многу играчи до 21 година. За нив тоа е и одлична можност да се покажат“, изјави Стојчев н

Натпреварот меѓу Легија Гдањск и Академија Пандев кој ќе се игра утре е со почеток во 20.15 часот.

Се вчитува...