Стојчевски суди во Шведска, Качевски во Словачка, Божиновски контролор во Австрија

Патешествијата на македонските фудбалски судии по Европа на натпреварите во Европските купови продолжува и во второто коло. Игор Стојчевски ќе биде главен судија на реванш мечот од Конференциската лига меѓу Хакен од Шведска и Дуделанж од Луксембург. Ќе му помагаат Куштрим Лика и Даниел Василевски, четврти судија ќе биде Стојанче Трпчевски. Мечот се игра во Гетеборг на 31. јули. Во првиот натпревар во гости победи Хакен со 6-2.  Интересно е да се напише дела судењето на македонската тројка во Гетеборг ќе го контролира еден од најдобрите поранешни англиски судии Мартин Еткинсон.

Ќе патува и Јован Качевски, за Словачка. Од страна на Судиската комисија на УЕФА тој е одреден за главен судија на реванш мечот од Конференциската лига меѓу  екипата на Дунајска Стреда и Зиро од Азербејџан. Ќе му помагаат Слаѓан Марковски и Бранко Путилин, четврти судија ќе биде Ива Пројковска. Натпреварот се игра на 1 август во Братислава. Во првата средба  победи Зиро со 4-0.

Од страна на УЕФА ќе биде ангажиран и нашиот поранешен најдобар судија, денес влијателен контролор Емил  Божиновски. Тој на 1. август во Виена ќе го контролира судењето на мечот  од второто коло во Лига на Европа меѓу Рапид  и  Висла од Краков . Рапид беше победник и во првиот натпревар со 2-1.

М.М.

Се вчитува...