Стојоски го собори државниот рекорд на 300 метри, Работнички и Лирија најуспешни на пионерскиот шампионат

Еден од најдобрите македонски атлетичари, Јован Стојоски си запиша и петти државен рекорд зад своето име.

Во рамките на националното првенство во атлетика за пионери, Стојоски го собори државниот рекорд на 300 метри истрчувајќи со време од 33,83 секунди, што е за две секудни подобро од претходниот рекорд.

Најуспешни екипи на шампионатот беа АК Работнички во машка и АК Лириа во женска конкуренција.

Од поединечните настапи вредна за издвојување е најатрактивната дисциплина на 100 метри во машка конкуренција во која триумфираше Филип Апостолоски од АК Најк ран. Во конкуренција на 33 атлетичари во оваа дисциплина, Апостолоски е нов македонски шампион на 100 метри со извонреден резултат од 12,62 секунди, победувајќи пред Нури Салихи од Лирија и Стефан Јошески од АК Стеваноски.

Апостолоски ги освои и единствените бодови (вкупно 11) за АК Најк ран на првенството, запишувајќи се и како вицешампион на трката на 300 метри со време од 40,30, на која победи Нури Салихи со време – 40,27 секунди.

Во женска конкуренција на 100 метри триумфираше Сара Османовска од АК 7ми Мај со време од 13,59 секунди, пред Велерда Сефери од АК Дрини и Викторија Цветковска од АК Центар.

КОМПЛЕТНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА И НАЦИОНАЛНОТО ПРВЕНСТВО ЗА ПИОНЕРИ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Се вчитува...