Стојоски со личен рекорд на 400 метри на националното првенство во Белград во сала

Македонските атлетичари запишаа одличен настап на Атлетското национално првенство на Србија во сала кое се одржува вчера.

Покрај државниот рекорд на Дарио Ивановски на 1.500 метри, и Јован Стојоски успеа да собори личен рекордот на 400 метри со резултат 48.11 секунди, вреден 1035 бодови.

Покрај нив учествуваа и наши атлетичари преку атлетските клубови.

РЕЗУЛТАТИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ АТЛЕТИЧАРИ ВО БЕЛГРАД:

1500м:  Дарио Ивановски – 3:45.46сек – 1. место – 1082 бодови
400м: Јован Стојоски – 48.11сек – 2. место – 1033 бодови
400м: Бранимир Зенговски – 53.80 – 21. место – 704 бодови
200м: Назар Идризи – 24.15сек – 9. место – 707 бодови
60м: Назар Идризи – 7.43сек – 5. место– 733 бодови
60м: Александар Танески – 7.40сек – 4. место – 746 бодови
Скок во далечина: Матеја Ефремовска – 4.87м – 10. место – 755 бодови
Скок во далечина: Александар Танески – 6.46м – 11. место – 807 бодови
3000м: Игор Јакимовски – 9.56.01сек – 495 бодови
3000м: Милош Ранчиќ – 9.08.90сек – 705 бодови

Се вчитува...