Столе Димитриевки го дозна ривалот за полуфиналето од Копа дел реј

Столе Димитриевски и Рајо Валјекано ќе се сретнат со Бетис во полуфиналето од Копа дел реј, во обид мадридскиот тим да стигне до големото финале на ова реномирано натпреварување.

Во ситуација кога Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Севилја и Барселона се елиминирани, преостанатите четири екипи имаат сосема реални шанси за да го кренат трофејот. Ждрепката одлучи Димитриевски и соиграчите за место во финалето да играат две средби против Бетис, првата на 9/10 февруари, додека терминот за одигрување на реванш е 2/3 март.

Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Валенсија и Атлетик Билбао, тимот од Баскија што во претходните две рунди ги елиминираше Барселона и Реал Мадрид.

Се вчитува...