Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски конечно го имаше своето деби за новиот клуб, шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано. Тој доби шанса да брани на мечот од Купот на Шпанија на гости против Леганес кој заврши 2-2.
Рајо Ваљекано поведе со 0-2, со головите на Алваро Гарсија и на Алекс Алегрија, но за Димитриевски беше кобен домашниот фудбалер Јусеф Ен Несири. Тој беше стрелец на два гола за Леганес на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА