Столе и Рајо ќе бркаат негатива од еден гол на реваншот во Копа дел Реј (ВИДЕО)

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано доживеаја пораз на домашен терен од Реал Бетис од 1-2 во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Копа дел Реј.

Домаќините одлично го отворија натпреварот и дојдоа до водство уште во 5. минута со голот на Гарсија. Во продолжение гостите од Андалузија заиграа далеку подобро и веќе во 26. минута резултатот беше израмнет откако прецизно во голот на Димитриевски стрелаше Иглезиас.

Конечните 1-2 ги постави Вилијан Карваљо во 68. минута. И покрај поразот ништо не е загубено за тимот од Мадрид бидејќи на 3. март ќе се одигра реваншот меѓу овие две екипи во Севијла.

Се вчитува...