Страотни сцени во Турција – Фудбалер од Бурунди десет минути беше без свест (ФОТО)

Страотна сцена се случи на мечот од турското првенство меѓу Анкарагучу и Малатија, откако играчот на гостите Јусуф Ндајишимие колабираше на теренот. Имено по последниот судиски свиреж фудбалерите се упатиле кон соблекувалната, а Ндајишимие се пожалил на вртоглавица и веднаш легнал на тревата.

Десетина минути му беше укажувана помош по што со амбулатно возило веднаш беше пренесец во болница. Докторите констатирале низок крвен притисок поради кој на момент загубил свест.

Анкарагучу победи со 3-1, а голот за гостите го постигна токму репрезентативецот на Бурунди.

 

 

Се вчитува...