Страшни сцени: Белараби колабираше среде натпревар

Баер Леверкузен славеше на контролниот натпревар против нисколигашот Вуперталер со 2-0, но конечниот резултат остана во сенка на страшните сцени од стартот на второто полувреме. Напаѓачот на „фармацевтите“ Карим Белараби колабираше крај теренот, по што за момент сите помислија на најлошото, притрчаа медицинските лица на двете екипи.

Соиграчите со „барикади“ го затворија видикот, да не се гледа како му се прикажува прва помош, по што се зголемија и стравувањата дека станува збор за „црно сценарио“. За среќа, Белараби по неколку минути се освести, по што беше пренесен во најблиската болница.

„Карим Белараби колабираше среде натпревар од премореност. Се чини дека рехабилитацијата е во ред, но тој ќе остане во болница на детални прегледи“ – објави вечерва Баер Леверкузен преку клупскиот профил на социјалните мрежи.

Се вчитува...