Страшни сцени на Монца: Пероти чудесно мина без повреди (видео)

Нова трагедија во тркачкиот свет беше избегната денеска по страшното излетување на Алекс Перони за време на трката во Формула 3 што се одржуваше на патеката Монца.

Перони при еден свиок излета од патеката, за веднаш потоа болидот да му се крене во воздух и три пати да се сврти летајќи пред да заврши во заштитната ограда.

Австралискиот возач делуваше потресено, но успеа самиот да излезе од возилото и откако му беше укажана медицинска помош беше утврдено дека не заработил посериозни повреди.

Се вчитува...