Страшни сцени во Атина – обид за убиство на Дарко Ковачевиќ

Поранешниот репрезентативец на Србија и фудбалер на Јувентус, Реал Сосиедад и Олимпијакос, Дарко Ковачевиќ, едвај спаси жива глава по неуспешниот обид за негово убиство во Атина.

Ковачевиќ по завршувањето на кариерата живее во главниот град на Грција, а јавноста кај нашиот јужен сосед е шокирана од вечерашните случувања, откако на Ковачевиќ е пукано пред неговата куќа од возило што било во движење. За среќа, екс-фудбалерот експресно се фрлил на земја и не бил погоден од куршумите, по што веднаш била повикана полиција.

Возилото е најдено неполн час подоцна, целосно запалено во близина на аеродромот во Атина.

Се вчитува...