Страшни сцени во Штип: Тешко повредени по жестоката тепачка меѓу „Фаланга“ и „Лозари“ (ВИДЕО)

Наспротив беспрекорниот фудбалски натпревар на теренот во дербито на 14. коло од Втората лига – Исток меѓу Брегалница и Тиквеш, страшни сцени околу Градскиот стадион во Штип.

Целокупната фудбалска слика ја расипаа навивачките групи на двата клуба, „Фалангата“ и „Лозарите“ кои се судрија околу стадионот во Штип со жестока физичка пресметка на која интервенираше и полицијата. Сепак, во досега незабележана кај улична навивачка пресметка има и многу повредени лица. Од Министерството за внатрешни работи истакнуваат дека наскоро ќе следи информација за јавноста и поднесување кривични пријави за учесниците во инцидентот.

Видео материјали од М-нет…

Се вчитува...