Страшни сцени: Зверев се повреди и плачеше од болка – Надал е во финалето на Ролан Гарос

Рафаел Надал ќе биде првиот финалист на Ролан Гарос откако неговиот ривал Александар Зверев заработи тешка повреда во вториот сет од полуфиналето што попладнево се игра во Париз.

Надал имаше водство од 1-0 во сетови, во вториот сет се водеше израмнета битка, а во поенот во кој Шпанецот се избори за тајбрејк неговиот ривал лошо ја свитка ногата и веднаш стана јасно дека повредата е сериозна.

Зверев гласно плачеше од болка, веднаш притрчаа медицинките лица, до него се приближи и Рафаел Надал, по што Зверев во колична беше испратен со аплаузи кон соблекувалната. Се очекува таму да му бидат извршени првите лекарски прегледи, но шансите дуелот да продолжи се речиси никакви со оглед на незгодната повреда.

Се вчитува...