Поранешниот голман на Партизан и на репрезентацијата на Србија, Радиша Илиќ е пронајден мртов. Илиќ имаше само 47 години, а во кариерата покрај Партизан, бранеше и за Слобода од Ужице, Национал Букурешт, Борац Чачак, ОФК Белград, Пансераикос.
Илиќ бранеше во два наврати во Партизан. Најпрво од 1998 до 2003 година, а потоа и од 2010 до 2013 година, а имаше и еден настап за сениорската А репрезентација на Србија.
Илиќ ги бранеше сите натпревари во квалификациите за Лигата на шампионите во 2010 година, кога Партизан успеа да се пласира во групната фаза во ЛШ.
После пет години минати во Партизан, замина во Романија, но брзо се врати во Србија, и бранеше за Борац Чачак, па за ОФК Белград. Беше во Пансераикос, и повторно се врати во Борац, од каде дојде во Партизан.
Според медиумите во Србија, тој извршил самоубиство, но не се соопштуваат детали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА