Сет Кари, помладиот брат на легендарниот Стеф Кари и официјално се врати назад во редовите на Голден Стејт Вориорс. 35-годишникот беше дел од плановите на трофејната франшиза уште пред самиот старт на сезоната, но „навремениот“ потпис го спречи границата на финансискиот фер-плеј.
Истата сега е регулирана па Сет за прв пат во кариерата ќе настапи за Голден Стејт каде ќе заигра рамо до рамо со својот брат формирајќи пеколно шутерско дуо.
Кари во оваа сезона влегува на крилја на фантастичната сезона 2024/25 во која како член на Шарлот ја предводеше НБА лигата со 45.6 отстотна реализација зад линијата за три поени.
Во текот на богатата кариера, Сет настапи на повеќе од 550 натпревари во НБА лигата за Мемфис, Кливленд, Феникс, Сакраменто, Далас, Портланд, Филаделфија, Бруклин и Шарлот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

