Струга немаше сили до крај да го изненади Пелистер

По претходното победа во езерската дерби пресметка против Охрид, ракометарите на Струга беа на прагот на уште еден „скалп“ на фаворитите но не успеја до крај да го изненадат Пелистер во Битола. Иако стружани водеа во поголемиот дел од мечот на моменти и со повеќе од три гола разлика, на крајот сепак загубија со 30-28 (13-16).

„Пелистерци“ до победата дојдоа благодарение на одлично одиграни последни минути од натпреварот кога успеаја да анулираат предноста на гостите и со пресврт да дојдат до триумф од два гола разлика. Повеќе од значајна победа за Пелистер кој го зачува второто место на табелата зад лидерот Еурофарм Работник.

Бутел, пак, лесно славеше против Вардар јуниор со 28-21 (15-13) на тој начин продолжувајќи ја битката за обезбедување место во плеј-офот од Суперлигата. По оваа победа Бутел, на две кола до крајот, и натаму е на четвртата позиција на табелата со 33 бода, исто колку и петтопласираниот Охрид кој е со послаба гол-разлика.

Се вчитува...