Струга ТЛ одлучи: Европските натпревари ќе ги игра во Охрид

Раководството на Струга ТЛ донесе одлука домашните натпревари од европските купови во новата натпреварувачка сезона да ги игра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.

Овој фудбалски стадион е лиценциран од УЕФА за одигрување на европски средби, по што челниците на Струга ТЛ донесоа одлука своите мечеви да ги играат во Охрид, за да бидат што поблиску до струшката публика.

„Со оглед на близината до градот Охрид, ние како клуб очекуваме голема поддршка на еврпоските натпревари, каде очекуваме и подолга авантура оваа година“, објавија од Струга ТЛ.

Овој тим моментно се наоѓа на првото место на прволигашката табелата, со пет бода предност во однос на второпласираната Шкендија.

Се вчитува...