Струга ТЛ подобра од Воска на контролата во Охрид

Есенскиот шампион и лидер во Првата македонска фудбалска лига Струга Трим и Лум славеше со 2-0 против второлигашот Воска во пријателски натпревар во Охрид како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во македонските шампионати.

Стружани поведоа со 0-1 во 43. минута од првото полувреме преку Муарем, а дилемите околу победникот беа решени во 73. минута кога за тимот од Струга вториот гол го постигна  Ибраими за конечни 0-2.

Се вчитува...