Струмица пред елиминација од ЦЕВ Купот, максимален пораз дома од Дирен

Одборјкарите на Струмица со убедлив пораз во првиот меч од 1/16 финалето на финалната рунда на ЦЕВ Купот. Германскиот тим Дирен беше подобар во пресметката во салата „Парк“ и го доби мечто со 0-3 (по сетови 15-25, 19-25 и 17-25), со што македонската екипа е блиску до елиминација од европското натпреварување.

Уште на почетокот се виде дека струмичани тешко ќе се носат со овој предизвик, а гостите брзо стигнаа со предност од 5-15, предност која не беше проблем да се задржи до крајот на сетот, за да го добие со 15-25.

Во вториот сет иста слика. Германците брзо стигнаа до 4-12, но потоа следуваше мал „кам-бек“ на Струмица која стигна до 8-12. Меѓутоа финишот на сетото за Бундеслигашот, кој го доби со 19-25.

Третиот сет одлично го почна Струмица, во еден миг имаше егал 10-10. Меѓутоа најдоа сили да направат неколку добри серии, и да го приведат и овој сет во мирен финиш, за конечна победа.

Се вчитува...