Струмица немаше среќа, во Златен сет испадна од ЛШ

Екипата на Струмица е елиминирана од Драисма од Холандија во квалификациите во одбојкарската Лига на шампионите. Вечерва во Скопје, Струмица го совлада својот противник со 3-1, но го загуби златниот сет со 15-13. Првиот меч заврши со победа на Холанѓаните од 3-0.

Првиот сет се одигра во егал, а потоа гостите направија предност и го добија со 25-22. Во вториот сет по голема борба, Струмица врати и израмни, а нималку не беше лесно ниту во третиот сет, но сепак, домашните го добија со 25-23.

Четвртиот сет одново доминација на Струмица и го добија со 25-21, и се премина на златен сет. Таму гостите беа подобри о посреќни и го добија со 15-13.

Се вчитува...