Струмица виа Ѓорче Петров за Шкендија (ВИДЕО)

Шкендија очекувано ја совлада Македонија ЃП со 2-3 на вчерашниот меч од 33.коло, а веќе од денеска се фокусира на финалето на Купот, што ќе го одигра в среда против Пелистер, на стадионот „Младост“ во Струмица. Беше тоа дебитантски триумф за Ерхан Селими како прв тренер на Шкендија, но ќе мора да се докаже и во борбата за трофеј. Шкендија е бранител на пехарот во Купот на Македонија од минатата сезона.

[new_royalslider id=”640″]
Селими одлучи да ги одмори најдобрите фудбалери, Ферхан Хасани и Бесарт Ибраими, но и без нив Шкендија успеа да стигне до триумф. Абдурахими го отвори резултатот, а во вториот дел погодија и Алими и Радески. Во финишот, „лавовите“ постигнаа два гола за ублажување на поразот преку Стојковски и Здравковски од пенал.

Се вчитува...