Студен туш за Работнички: Неверојатен пресврт на Феникс за победа во Кале

Кошаркарите на Феникс 2010 го совладаа составот на Работнички со 70-67 во натпревар од 8. коло во Првата кошаркарска лига. Натпреварот беше возбудлив, а победникот беше решен во последниот период, кога Феникс анулираше голема негатива, односно го доби последниот период со неверојатни 10-22, за на крајот да обезбеди триумф.

Работнички „прокоцка“ +14 во третиот период, а потоа во последната четвртина влезе со предност од +9, но и тоа не беше доволно да дојде до победата. Кога се чинеше дека има контрола, неколку промашени напади, и од 65-63, гостите стигнаа до 66-71, по што тимот од Градски Парк не можеше повеќе да се врати.

Рахама со 24 поени беше најпрецизен кај победничкиот тим, а Дајсон постигна 20 поени. Кај Работнички се истакнаа Томсон со 18 поени, и Хатсон со 16.

Се вчитува...