Сапуницата наречена „Жељко Обрадовиќ“ продолжува. Заврши состанокот во кошаркарскиот клуб Партизан во врска со иднината на трофејниот тренер, кој поднесе оставка пред два дена. Иако раководството првично му се заблагодари, сепак, вчера се одлучи да не ја прифати оставката, и да се обиде да го премисли.
Илјадници лица го чекаа Обрадовиќ да дојде во Белград, а за денеска беше закажан состанок. Сепак, искусниот стручњак не ја сменил својата одлука, и оставката и натаму останува на сила, јавуваат српските медиуми.
Сепак, се пишува дека и натаму има шанса да се премисли Обрадовиќ, пред се поради љубовта кон клубот.
Обрадовиќ се одлучи да поднесе оставка по поразот од Панатинаикос во Евролигата. Навивачите се против тоа, и го тераат да се премисли, а дали ќе успеат во оваа мисија, останува да се види.
Според дел од српските медиуми, Обрадовиќ веќе им соопштил на челниците дека нема намера да остане во Партизан, но потоа му било дадено дополнително време да размисли, и со тоа дефинитивно утре ќе се знае дали ќе остане или ќе замине од клупата на „црно-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

