Суарез ќе прославува, ако постигне гол против Ливерпул во Лигата на шампионите

Барселона ќе го пречека Ливерпул на „Камп Ноу“ в среда, во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, а тоа ќе биде и средба на Луис Суарез со својот поранешен клуб. Ќе биде тоа посебен емотивен момент за Уругваецот, но тој вели дека доколку постигне гол ќе се радува и тоа нема да значи дека не го почитува клубот од „Енфилд Роуд“.

„Максимално сме мотивирани за дуелите со Ливерпул. Доколку постигнам гол ќе се радувам и тоа нема да значи дека немам респект кон клубот чиј дрес го носев претходно. Искрено се радувам на напредокот и на успесите на Ливерпул. Во периодот кога јас пристигнав на „Енфилд Роуд“ беше многу потешко, а сега секој фудбалер би сакал да биде дел од тимот, затоа што е конкурентен и во Англија и во Европа“, изјави Луис Суарез.

Барселона вечерва на „Камп Ноу“ го пречекува Леванте, тимот на Енис Барди и со победа ќе обезбеди нова шампионска титула во Ла Лига.

Се вчитува...