Суарез му возврати на Гризман: Ти не си Уругваец, тоа е нешто посебно!

Уругвајскиот репрезентативец и член на Барселона, Луис Суарез, дрско му одговори на Антоан Гризман, кој истакна дека голот во четвртфиналето не го прославил поради посебна почит кон Уругвајците. Тој негува посебни чувства кон својот ментор од Реал Сосиедад, Мартин Ласарте, како и кон своите двајца соиграчи од Атлетико Мадрид, Годин и Хименез.

Но, Суарез во свој стил, му одговори на Гризман.

„Тој не е Уругваец, тој е Французин, и постигна гол. Негова работа е дали и како ќе го прослави. Тој не знае што се треба да издржиш како Уругваец за да успееш во фудбалот. Да се биде Уругваец е нешто посебно“, одбруси Луис Суарез.

Уругвај го заврши патот на Мундијалот во четвртфиналето, а Луис Суарез против Франција ја немаше помошта од повредениот Единсон Кавани.

 

Се вчитува...