Суарез: Не е лесно да се игра на „Енфилд“ како гостин

Барселона со убедлива предност (3-0) допатува во Англија на реванш мечот против Ливерпул од полуфиналето во Лигата на шампионите. За Луис Суарез, кој беше стрелец на првиот меч на „Камп Ноу“, утрешниот дуел на „Енфилд Роуд“ секако ќе биде специфичен. Се враќа на стадионот каде во минатото доживеа многу убави моменти.

„Знам дека не е лесно да се игра како гостин на „Енфилд Роуд“, тоа е стадион со неверојатна историја. Дојдовме со добар резултат, но имаме огромен респект за Ливерпул и ќе бидеме многу внимателни. Нашата цел е да стигнеме до големото финале“, изјави напаѓачот на Барселона.

Ливерпул на утрешниот реванш ќе биде без помошта на двајцата напаѓачи Мохамед Салах и Роберто Фирмино.

Се вчитува...