Суарез: Нема да славам ако постигнам гол на „Енфилд“

Луис Суарез најави дека нема да да прославува ако постигне гол вечерва на возвратниот натпревар од полуфинбалето во фудбалската Лига на шампионите против Ливерпул на „Енфилд“. Уругваецот веќе доби најава дека ќе има жесток пречек бидејќи го прославуваше погодокот што го постигна на првиот натпревар на „Камп Ноу“ минатата недела. Тој сепак се извини за прославата велејќи дека ги почитува навивачите на Ливрпул.

„Луѓето знаат дека прославата на голот беше само од фудбалски причини. Навивачите го знаат мојот придонес за Ливерпул. Се разбира дека ако постигнам гол на „Енфилд“, нема да прославувам“ – вели Суарез.

Суарез во Барселона од Ливерпул дојде во 2014 година. Во англискиот тим мина три и пол сезони. Првиот натревар од полуфиналето, Барселона го доби со убедливи 3-0. Останатите два гола ги постигна Лео Меси.

Се вчитува...