Субашиќ: Ќе бранев и со една нога ако треба

Хрватска имаше нова драматична пенал – завршница за пласман во полуфиналето на Светското првенство, а повторно херој беше голманот Даниел Субашиќ. Тој успеа да одбрани еден удар од белата точка, и на крајот „коцкестите“ славеа голем триумф. По 20 години, повторно се во мундијалско полуфинале каде ќе ги одмерат силите со Англија.

Субашиќ имаше проблеми со задната ложа пред самиот крај на регуларниот тек од мечот, мораа да интервенираат лекарите, а во тој момент селекторот Златко Далиќ имаше направено три замени. Но, тој остана на голот до крајот и повторно стана херој.

„Најважно е дека ние се пласиравме во полуфиналето. Се друго е неважно, па и мојата повреда. Мислам дека нема да имам проблеми, иако ќе одам на детално снимање. Му реков на селекторот да не ме повлекува и дека ќе бранам и со една нога ако тоа биде потребно. Беше важно да се сочува четвртата замена за некој друг, сите беа многу исцрпени. Одигравме храбро и потрошивме многу енергија. Но, се исплатеше“, изјави хрватскиот голман.

Се вчитува...