Судиите на дербито суспендирани, казни и за Пелистер и за Кожув

Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) изрече вкупно 164.400 денари казни по инцидентите во шестото коло од Првата лига..

Највисока казна доби КК Пелистер 122.400 денари. Од нив, 50.000 денари се за претставници на клубот, додека остатокот е за трите технички грешки во текот на натпреварот во Битола меѓу Пелистер и МЗТ Скопје.

КК Кожув од Гевгелија, кој играше против Маџари, е казнет со 42.000 денари. Казната е поради фрлање тврди предмети, палење експлозивни направи и користеле неовластени спортски реквизити.

Казни на мечот Пелистер МЗТ Скопје добија и делегатот Данески – суспендиран на четири натпревари поради несоодветно водење на записникот, невремена и неправилна реакција. Судиската тројка Ѓорески, Михајловиќ и Отенов – суспендирани на два натпревари поради лошо судење, согласно извештајот на контролорот и видеоматеријалите.

Комесарот за натпревари истакнува дека одлуките се конечни и дека ќе продолжат со строг надзор за да се спречат слични инциденти во иднина.

Се вчитува...