„Судиите не дозволија Јунајтед да загуби од Фулам“

Фулам и Манчестер јунајтед ремизираа 1-1 во трилер дуелот на „Крејвен котиџ“ во кој гостите во самиот финиш стигнаа до израмнување преку Бразилецот Куња.

Домашниот стратег Алваро Арбелоа не го криеше разочарувањето од завршницата на натпреварот, вината за конечниот исход барајќи ја кај арбитрите.

„Буквално секоја одлука одеше во нивна корист. Веднаш знаев, по она што им се случи на дербито со Манчестер Сити, дека нема да се дозвои Манчестер јунајтед повторно да загуби. Судиите сторија се за да не дозволат Јунајтед да загуби. Ние искрено заслуживме повеќе, бевме толку, толку блиску, но секогаш е тешко кога играте со некој од големите клубови, кои ја имаат и поддршката кога ќе им затреба“, истакна шпанскиот стратег на клупата на Фулам.

Се вчитува...