Судијата кој го оштети Милан плачел во соблекувалната, Ибрахимовиќ го тешел

Италијанскиот судија Марко Сера направи голема грешка синоќа во дополнителното време на мечот меѓу Милан и Специја, кога досуди фаул над Ребиќ, наместо да остави играта да продолжи, после акцијата по која Месијас постигна гол. Подоцна Специја постигна и гол со кој дојде до победата.

Како што пренесува „Кориера дела Сера“, судијата после мечот тешко му паднала одлуката, па плачел во соблекувалната. Меѓутоа фудбалерите на Милан иако оштетени за три бода, го тешеле Сера. Златан Ибрахимовиќ покажал дека е голем, откако наводно го тешел судијата, заедно со неколку соиграчи.

Италијанската асоцијација упати извинување на Милан, а судијата го чека долга пауза. Сера е почетник во елитниот ранг, а овој натпревар му бил само 11-ти во кариерата.

Сигурно на миланскиот клуб тешко му паѓа оваа одлука, затоа што веројатно ќе дојдеше до победа и до завземање на првото место на табелата.

Се вчитува...