Судиската организација му се извини на Милан за грешката на судијата Сера

Судиската организација на Италија, му се извинила на Милан, а судијата Марко Сера ќе се соочи со долга суспензија, јавува „Газета“. Сера го поништи голот на Жуниор Месијас, откако претходно свирна фаул, и не дозволи да продолжи играта.

Сето тоа влијаеше врз конечниот резултат, на крајот Специја го шокираше Милан и успеа да победи со гол во 95. минута.

И Сера им се извини на играчите на Милан вчера, меѓутоа сето тоа залудно кога Милан остана без бодовите, а овој меч може да влијае и врз конечниот пласман на табелата и битката за титулата.

Тренерот на Милан, Пиоли призна дека судијата им се извинил и на него и на играчите. Тиаго Мота од Специја не ја коментираше грешката на судијата, и кажа дека неговите момци заслужиле да победат.

„Играчите беа збунети после оваа грешка. Се обидов да ги смирам, но не можев, и потоа стигна вториот гол на Специја. Грешката имаше големо влијание врз мојот тим. Имавме и ние грешки, но и судијата погреши. Веднаш ни се извини“, рече Пиоли.

Се вчитува...