Супер-асистенција на Исник Алими за триумф на Далијан Јингбо (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Исник Алими беше еден од најзаслужените за победата на Далијан Јингбо против Јунан Јукун од 3-2 во Суперлигата на Кина.

Алими асистираше на вториот погодок на својот тим, одлично пронаоѓајќи го Лабјад, поранешниот фудбалер на Ајакс, Спортинг и Фулам, кој со волеј-удар ја смести топката во мрежата на гостите.

Алими беше еден од најзабележителните во средниот ред на Далијан Јингбо кој е на осмото место со 13 бодови.

Се вчитува...