Супер атмосфера, но дерби без голови во Белград (ФОТО)

Црвена Звезда и Партизан одиграа очаен натпревар без голови во 162-то дерби во историјата на најголемите белградски ривали.

Во меч во кој и двата тима имаа свои шанси, во извонредна атмосфера на „Рајко Митиќ“ пред околу 40.000 гледачи, на крајот Црвена Звезда со овој бод ја зачува предноста на табелата од 11 бода пред Партизан.

Во првиот меч меѓу двете екипи оваа сезона, Партизан славеше пред своите навивачи со 2-0.

Се вчитува...