Супер Аврамовски и „хет-трик“ Алими, за победи на Вардар и на Шкендија

Вардар ја совлада Ренова со 2-0 и побегна пет бода во однос на Академија Пандев на врвот на табелата во Првата фудбалска лига. Сега „црвено-црните“ имаат 30 бода, пет повеќе од Академија Пандев и 12 повеќе од Шкендија, која се проби до третата позиција.

Вардарци славеа со головите на Даниел Аврамовски, кој го отвори резултатот во 20.минута по одлична соло акција, и на Јован Попозлатанов, кој го потврди триумфот во 90.минута од мечот.

Шкендија беше убедлива против Борец и славеше со 4-0. Арменд Алими постигна хет – трик. Тој погоди за водство во 23.минута, само една минута подоцна се надоврза Бесарт Ибраими, а следните два гола повторно беа на Алими, во 30. и во 67.минута.

Силекс оствари значаен триумф во Ѓорче Петров, совладувајќи ја Македонија ЃП со 0-1. Дејан Благојевиќ го постигна победничкиот гол за кратовци во 30.минута од натпреварот.

Шкупи и Струга Трим Лум ремизираа без голови.

ПРВА ЛИГА, 13.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – РЕНОВА 2-0

ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ 4-0

ШКУПИ – СТРУГА ТРИМ ЛУМ 0-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-1

ВЧЕРА: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 1-1

Табела: Шкендија 30, Академија Пандев 25, Шкендија 18, Шкупи 18, Силекс 18, Македонија ЃП 17, Струга ТЛ 15, Ренова 14, Борец 14, Работнички 11.

Се вчитува...