Супер-дерби во АБА: „Црвено-белата“ фурија го збриша шампионот

Црвена звезда останува со максимален ефект и по 13 одиграни натпревари во АБА-лигата откако „црвено-белите“ вечерва во фантастичен натпревар го совладаа Будуќност со убедливи 86-72. Дерби дуелот, кој претставуваше реприза од ланското финале, целосно ги оправда очекувањата, а како пресудна се покажа последната четвртина во која „црвено-белата“ фурија во Белград ги збриша гостите од Подгорица.

Црвена звезда беше подобар противник во првото полувреме, но кризата во нападот на „црвено-белите“ беше искористена за Будуќност во третиот период да го сврти резултатот во своја корист. Гостинскиот тим на 1:50 минута до крајот на четвртината имаше предност од 55-63, за потоа домашниот состав целосно да ги преземе работите во свои раце. Во наредните шест минути Црвена звезда направија серија од 16-0, а гостинските кошаркари целосно се загубија во пеколната атмосфера. Најдобар доказ за тоа е фактот дек Будуќност во првите седум минути од последната четвртина не погоди ниту еден шут од поле. Битадзе го прекина тој „пост“, но приказната околу победникот веќе беше решена, домаќините уште пофуриозно го завршија натпреварот и на крајот заслужено славеа со 86-72.

Перпероглу со 23 поени беше најдобар стрелец на победничкиот тим, Симаниќ постигна 14, а Берон 13 поени, додека најдобар поединец кај Будуќност беше Кол со 21 постигнат поен

Се вчитува...