Супер-финиш: Рома го реши Тотенхем

Рома и Тотенхем одиграа фантастичен натпревар во Њу Џерси, во кој по фантастичниот финиш „волчицата“ славеше над лондонскиот премиерлигаш со 3-2. Римјаните поведоа со 2-0 со головите на Пероти и на Ундер, но Тотенхем се врати во последните три минути од мечот и израмни преку Винкс и Јансен.

Сепак, тоа не беше крај на возбудувањата бидејќи во третата минута од судиското продолжение Марко Туминело се најде на вистинското место и му ја донесе победата на италијанскиот тим.

All Goals & Highlights – Tottenham Hotspur 2… by ZidaneHD

Се вчитува...