Супер гол на Махмудов во ремито на Ексцелзиор со Вилем 2… (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Денис Махмудов го постигна и вториот гол сезонава во дресот на холандскиот прволигаш Ексцелзиор.

Махмудов втор едноподруго меч е стрелец за Ексцелзиор, овој пат во ремито (2-2) на гостувањето против Вилем 2 во 5. коло од холандската Прва лига.

Махмудов стрелаше во 82. минута со убав шут од околу 18 метри за водство од 0-2 на неговата екипа во тие моменти, но гостите дозволија два погодоци на Вилем 2 во самиот финиш за конечни 2-2.

Се вчитува...