Супер Класико, сепак, одложено: Ривер Плата и Бока јуниорс ќе играат утре

Големата дерби пресметка меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс е дефинитивно одложена. По големите инциденти, донесена е одлука натпреварот да се игра утревечер, во 21 часот по средноевропско време, односно 24 часа од терминот кога и требаше да почне фудбалскиот дуел. Ова е реванш натпревар од финалето на Копа Ливертадорес.

Автобусот на Бока јуниорс беше нападнат од навивачите на Ривер Плата, беше фрлен солзавец, а гостинските фудбалери се пожалија на повреди.

Карлос Тевез излезе јавно и соопшти дека фудбалерите на Бока јуниорс не се способни за натпревар, а дека имаат притисок да играат од претседателите на КОНМЕБОЛ и на ФИФА.

Се вчитува...